
Фудбалската репрезентација на Франција се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако во Њу Џерси ја победи Шведска со резултат 3:0 во мечот од шестнаесетфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мбапе со блескава игра против Шведска испиша историја на Светските првенства. Со вкупно 18 голови на Мундијалите изби на второто место на вечната листа, веднаш зад Меси, кој го држи рекордот со 19 погодоци во 29 натпревари.
Французинот со овој учинок го престигна легендарниот Мирослав Клозе, кој постигна 16 голови на 26 натпревари на Светските првенства. Така Мбапе стана најефикасниот европски фудбалер во историјата на Мундијалот, а воедно и рекордер по бројот на голови во нокаут фазата на натпреварувањето, каде што сега има дури 10 погодоци.