Дома Фудбал Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светското првенство. „Триколорите“ со 3:0 ги разбија Скандинавците, кои играа одлично првите 15 минути.

Мора да се каже дека ова беше еден од поинтересните натпревари на Мундијалот кој годинава се одржува во три држави. Она што радува е што Швеѓаните дојдоа храбро, не сакаа да играат дефанзива. Сакаа да играат фудбал.

Селекторот на Шведска одлучи да игра офанзивно и да ги внесе сите три адути во нападот од самиот почеток, што даде резултати, но само во споменатите 15 минути. Французите не можеа да се снајдат во тој период на играта, но потоа сè се сврти во нивна полза. Сè беше во знак на Килијан Мбапе.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за одбраната: На радарот е Баси, но конкуренцијата е голема

Калвин Баси од Фулам е меѓу дефанзивците што ги следи Манчестер јунајтед. За нигерискиот р…