Дома Трансфер зона Миланските клубови сакаат да го „украдат“ Смолинг од Рома

Миланските клубови сакаат да го „украдат“ Смолинг од Рома

Крис Смолинг ова лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед и со своите настапи ги воодушеви сите.

Рома сака да го откупи неговиот договор и веќе започна преговори со Манчестер Јунајтед, но на „волчицата“ воопшто нема да и биде лесно бидејќи за Смолинг интерес покажаа и други италијански гиганти.

Имено, Милан и Интер внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуди до Јунајтед за да го добијат потписот на Смолинг.

Рома за потписот на дефанзивецот понуди 15 милиони евра, понуда која „црвените ѓаволи“ ја одбија како ниска.

Миланските клубови се спремни да платат 20 милиони евра, па се очекува жестока „битка“ за потписот на англискиот дефанзивец.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само Јовиќ, Милан сака уште еден играч на Реал Мадрид

Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од …