Дома Фудбал „Меси се чуствува измамен од клубот“

„Меси се чуствува измамен од клубот“

Во полн ек е борбата за претседателската функција во Барселона, па веќе почнаа препукувањата помеѓу кандидатите.

Вчера привремениот претседател, Карлес Тускетс предизвика големо внимание со изјавата дека Барселона направиле грешка што не му овозможила на Лионел Меси во летниот преоден рок да го напушти клубот. Според него, клубот пропуштил шанса да заработи задоволителна сума на пари.

Денес, поранешниот претседател на Барселона, Лапорта, и тренерот Роналд Куман му реплицираа на Тускетс.

„Лео сака да остане во Барселона. Јас сакам тој повторно да биде среќен. Парите не се проблем, тој само сака да игра во екипа која ќе биде конкурентна со најдобрите тимови. Чувствува дека клубот го измами, тоа е неговиот проблем. Тој е победник, не може да гледа како секоја година некоја друга екипа победува во Лигата на шампиони“, изјави Лапорта.

„Ваквите зборови за Меси не помагаат. Не можеме да ги контролираме коментарите кои доаѓаат од надвор, но кога доаѓаат од клубот е различно. Тоа што го кажа Тускетс е само негово лично мислење“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете ја реакцијата на Зидан после вториот гол на Алкојано🎥

Кралевите синоќа беа поразени од третолигашот Алкојано со 2:1 после продолженијата, а пора…