Дома Трансфер зона Мендеш во Барселона донел астрономска понуда за Ансу Фати

Мендеш во Барселона донел астрономска понуда за Ансу Фати

Барселона во своите редови има голем талент и свесна е за тоа. Ансу Фати неодамна блескаше против Украина во Лигата на Нации и стана најмлад стрелец во репрезентацијата на Шпанија рушејќи го рекордот стар 95 години.

Ова лето на „Камп Ноу“ пристигнала понуда од 150 милиони евра за играчот кој нема ниту цели 18 години. Барселона таа понуда ја одбила без никакви намери да влегува во дополнителни преговори.

Понудата била донесена од Жорж Мендеш. Прецизно, таа гласела 125 милиони евра фиксно и 25 преку бонуси. Името на клубот кој ја испратил оваа понуда останало тајна за медиумите. Се шпекулира дека станува збор за Манчестер Јунајтед кој се поврзуваше со Фати и претходно.

Таа понуда експресно била одбиена и тоа е доказ дека Барселона верува во Фати. Репрезентативецот на Шпанија беше промовиран во првиот тим и го доби дресот со број 22, а покрај тоа неговата клазула од 170 милиони евра беше покачена 400 милиони евра. Неодамна беше потпишан и нов договор со кој Фати е „врзан“ со Барселона до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер не се откажува од Канте

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа …