Јувентус оваа сезона ја одбрани титулата во италијанската Серија А, а сега навивачите очекуваат одредени промени откако на клупата пристигна Маурицио Сари.
Медиумите на „чизмата“ пишуваат дека Марио Манџукиќ не е тип на играч каков што сака Сари и тој би можел да го напушти Јувентус во текот на овој преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манџукиќ и претходно се поврзуваше со заминување од редовите на „старата дама“, но сега тие шпекулации се погласни.
Понудите од Кина кои наводно го има не го интересираат, а денес беше објавено дека за хрватскиот напаѓач примамлива би можела да биде понудата од римски Лацио.
Интересно што Манџукиќ својот прв гол во дресот на Јувентус го постигна токму против Лацио.
Во изминатата сезона Манџукиќ за Јувентус одигра 25 натпревари, постигна девет голови и додаде седум асистенции.
Ќе потсетиме претходно името на Манџукиќ се поврзуваше и со германската Борусија Дортмунд, меѓутоа сега германскиот гигант се помалку се споменува во иста реченица со Хрватот.
Како и да е очекувањата се Манџукиќ поради доаѓањето на Сари да не ја започне сезоната во црно белиот дрес, дали тие најави ќе се остварат ќе дознаеме во текот на летото.
https://www.youtube.com/watch?v=2hMitHoa87g