Андреј Јакимовски кој дебитираше за Македонија во натпреварите против Естонија и Русија кариерата ќе ја продолжи во САД во редовите на Вашингтон стејт универзитетот во НЦАА-лигата.
Во историјата на македонската кошарка првпат се случува некој член на националниот тим место да потпише професионален договор со некоја екипа во Европа да избере да оди во колеџ-лига во САД.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Изминатите неколку сезони Јакимовски играше во Италија каде што минатата сезона беше дел од второлигашот Торино. Јакимовски имаше понуди од европски и домашни екипи, сепак се реши да оди во НЦАА која ако кариерата му се развива во добар правец би можела да му биде отскокна даска за место во НБА.
Во редовите на Вашингтон стејт тој доаѓа по барање на тренерот Кајл Смит. Инаку првите чекори во Вашингтон стејт ги направи денешната ѕвезда на Голдеј Стејт, Клеј Томпсон.