Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Литванија со 29-27, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Иако нашата селекција беше фаворит на хартија, Литванците во текот на целиот меч го диктираа темпото и беа во водство, на паузата се замина со минимално водство за Литванија од 13-12.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
На стартот од второто полувреме, веднаш пресврт и водство на Македонија, но не успеавме да се одлепиме, па водството го имавме се до 21-20, а потоа повторно домашните поведоа.
Како клучна се покажа серијата од два гола која ја направија Литаванците при резултат 23:23, па откако отидоа на плус два на шест минути до крајот, успеаа да ја зачуваат до крајот на мечот.
Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен, додека Пешевски и Серафимов мечот го завршија со по пет гола.