Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските надежи ја декласираа Андора

Македонските надежи ја декласираа Андора

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со убедлива победа над Андорa (6-0) го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Ирска.

Македонската репрезентација до 17 години целосно доминираше на мечот против Андора. Назифи постигна три погодоци, Стојанов на два пати стрелаше прецизно, а погоди и Ѓоргиевски.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На крајот ние завршиме како третопласирани во групата зад Полска и Ирска. Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека пак ние како трети ќе мора да го почекаме расплетот на останатите групи за да биде во целост комплетиран првиот квалификациски круг.

Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега ние сме на второто место зад БиХ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…