Македонската фудбалска репрезентација има нова позиција на ФИФА ранг листата и сега се наоѓа на 72. место во рангирањето на најдобрите селекции.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во однос на претходната листа за Македонија ова е пад од една позиција, а бевме прескокнати од Грузија која одигра историско Европско првенство и стигна до осминафиналето.

Кога е врвот во прашање, Шпанија забележа скок од пет позиции и сега е трета зад Аргентина и Франција. Зад првата тројка следат: Англија (скок од една позиција), Бразил (пад од една позиција), Белгија, Холанфија, Португалија (пад од две позиции), Колумбија (скок од три места) и Италија.
