Дома Топ вести Лука Модриќ во дербито со Атлетико докажа дека е класа и на 39 години

Лука Модриќ во дербито со Атлетико докажа дека е класа и на 39 години

Во вчерашното градско дерби, Атлетико и Реал Мадрид на „Ванда Метрополитано“ ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1, а ова беше и натпревар кој донесе многу тензија.

Но, посебно внимание привлече и Лука Модриќ. Хрватскиот ветеран на теренот се најде од првата минута и играше се до 86. минута кога беше заменет од Лукас Васкез.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


За време на натпреварот Модриќ имал 58 обиди за додавање и не погрешил во ниту едно, сите биле успешни. Со тоа Хрватот стана единствениот играч сезонава кој имал 100% успешност во додавањата помеѓу фудбалерите кои имале над 40 обиди за додавање.

И не треба да се зборави дека вакви настапи Модриќ прикажува на 39 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѕвездата на Атлетик пред трансфер, треба да се договорат само уште личните услови!

Ситуацијата околу Нико Вилијамс сè уште не е завршена. Веројатно е дека ќе ја промени сред…