Дома Топ вести Ливерпул го „жртвува“ Салах за да го купи Мбапе

Ливерпул го „жртвува“ Салах за да го купи Мбапе

Англиските медиуми синоќа објавија сензационална вест дека Ливерпул спрема понуда за Килијан Мбапе.

Скоро сите медиуми објавија дека Ливерпул е спремен да се бори со Реал Мадрид за Мбапе, за кој ќе испратат понуда на крајот од сезоната, која ПСЖ едноставно не може да ја одбие.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпекулациите велат дека Јирген Клоп одлучил да се обиде на сите начини да го донесе Мбапе за кој е сериозно заинтересиран и Реал Мадрид. 

Наводно, Ливерпул спрема неверојатни 250 милиони евра за Мбапе, а од друга страна се спремни да го продадат еден од најдобрите играчи на екипата, Мохамед Салах со цел да направат простор за Мбапе.

Црвените на Мбапе наводно ќе му понудат договор од 34 милиони фунти по сезона, со што ќе биде еден од најплатените играчи на светот. Доколку Ливерпул успее да го донесе Мбапе, тимот од Енфилд сигурно ќе го продаде Мохамед Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …