Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул го доби дербито, Милан не продолжува ниту во Лигата на Европа!

Ливерпул го доби дербито, Милан не продолжува ниту во Лигата на Европа!

Вечерв се одигра шестото коло од дел од групите во Лигата на шампионите, а за издвојување секако е тоа што Милан нема да продолжи ниту во Лигата на Европа.

Вечерва „росонерите“ беа поразени во дербито од Ливерпул. Милан прв дојде до водство и тоа преку Томори после половина час се игра. Ливерпул изедначи со голот на Салах само седум минути подоцна. На паузата се замина со по еден гол на двете страни.

Второто полувреме донесе многу подобра игра на Ливерпул, тоа резултираше со гол на Ориги после 10 минути игра. Милан најдобрата шанса ја имаше преку Кеси на пет минути пред истекот на регуларните 90. Со овој пораз на Милан и останува последен во групата и покрај поразот на Порто во оваа група од Атлетико (1:3). Ливерпул завршува како прв, Атлетико втор, Порто трет и Милан четврти.

Второто дерби вечерва немаше резултатско значење затоа што и Реал и Интер го имаа обезбедено својот пласман во нокаут фазата. Реал ги доби „нероаѕурите“ со 2:0 со головите Крос во првото и Асенсио во второто полувреме. Во вториот натпревар оваа група Шахтјор и Шериф одиграа 1:1 со гол на нашиот Бобан Николов.

Нема да ја гледаме во осминфиналето од Лигата на шампионите Борусија Дортмунд. „Милионерите“ денес убедливо го победија Бешикташ со 5:0, но тоа не им значеше ништо затоа што од претходното коло пласманот во нокаут фазата го обезбедија Ајакс и Спортинг. Вториот дуел помеѓу патниците во нокаут фазата донесе шест гола и победа на Ајакс од 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Елче беше блиску да приреди голема сензација во Ла Лига, но на крајот Реал успеа да извлеч…