Дома Фудбал Петте клуба кои обезбедија нокаут-фаза во Лигата на шампионите две кола пред крајот

Петте клуба кои обезбедија нокаут-фаза во Лигата на шампионите две кола пред крајот

Во среда навечер се одиграа деветте натпревари од шестото коло на Лигата на шампионите, последното што ќе се игра во 2025 година. По овие дуели, нема значајни промени на врвот од табелата каде што Арсенал остана прв со максимални 18 бода, а Баерн е втор со три помалку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ успеа со нерешено 0:0 кај Атлетик Билбао да го заземе третото место на табелата со 13 бода, колку што има и Манчестер Сити по победата против Реал Мадрид и Аталанта по триумфот 2:1 над Челси. Така, ПСЖ, Сити и Аталанта им се приклучија на Арсенал и Баерн како првите пет екипи кои го обезбедија учеството во нокаут-фазата две кола пред крајот.

Најниската позиција на која Арсенал може да заврши е 9-то место, додека Баерн нема да биде полош од 18-то. ПСЖ, Сити и Аталанта не можат да завршат подолу од 23-тото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи ќе се обиде за Влаховиќ, ако Лукаку си замине

Душан Влаховиќ сѐ уште е без клуб речиси еден месец по разделбата со Јувентус, но според и…