Дома Фудбал Германија Левандовски призна дека бил блиску до Јунајтед и откри анегдота со Клоп

Левандовски призна дека бил блиску до Јунајтед и откри анегдота со Клоп

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски откри дека во минатото бил блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Станува збор за 2012 година, кога имал разговор со Сер Алекс Фергусон и сериозно размислувал да се пресели на „Олд Трафорд“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„После две сезони во Борусија Дортмунд ми се јави Алекс Фергусон и сериозно размислував да се преселам на Олд Трафорд. За еден млад фудбалер тоа беше исклучителна можност, тоа беше специјален ден за мене. Меѓутоа, Борусија кажа „НЕ“ и трансферот не се реализираше“, открива Левандовски.

Полскиот напаѓач откри интересна анегдота и од деновите кога работеше заедно со Јирген Клоп.

„Со Клоп имавме облог да ми дава 50 евра на тренинзите ако постигнам 10 гола. Во првите неколку тренинзи постигнував по 3-4 гола, после почнав да постигнувам по 7-8. После три месеци скоро секој тренинг постигнував по 10 и повеќе, па во еден момент Јирген рече: Доста е, многу пари ми земаш“, раскажа Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Како да немаше доволно проблеми: Нејмар сега е и – позитивен на коронавирус!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејма е позитивен на КОВИД-19, потврди Сантос со официјално с…