Дома Фудбал Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе треба да излезе пред судот во Франција поради обвинувања за силување, откако францускиот суд ја потврди одлуката дека против него ќе се води процес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот на Пари Сен Жермен и капитен на репрезентацијата на Мароко ги отфрла обвинувањата и порача дека едвај чека судењето, бидејќи тоа ќе му овозможи да ја изложи својата приказна.

Хакими на социјалната мрежа „X“ напиша дека судењето конечно ќе му даде можност „да говори“.

Случајот датира од февруари 2023 година, кога жена, тогаш на 24 години, пријавила во полиција во областа Вал де Марн дека Хакими ја силувал.

Според наводите од истрагата, таа тврдела дека го запознала фудбалерот преку Инстаграм во јануари истата година, а потоа отишла во неговата куќа со такси кое тој наводно го нарачал.

Обвинителката тврди дека Хакими ја бакнал, допирал без нејзина согласност, а потоа ја силувал. Навела и дека успеала да го одгурне и да испрати порака до пријателка, која дошла по неа.

Датумот на почетокот на судењето пред кривичниот суд во департманот О-де-Сен сѐ уште не е објавен.

„Оваа потврда беше очекувана. Ништо овде не укажува дека тој е виновен за било што, тој останува цврст во својата одбрана“, рече адвокатката на Хакими, Фани Колен.

Адвокатката на жената која поднела пријава, Рејчел-Флор Пардо, порача дека одлуката ѝ донела „олеснување и надеж“ на нејзината клиентка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Новозеландскиот фудбалер Тим Пејн, кој стекна голема популарност откако еден аргентински и…