
Антонио Рудигер имаше сезона исполнета со проблеми со повреди, но германскиот репрезентативец денес не го крие своето задоволство. Од кампот на германската репрезентација во Соединетите Американски Држави, отворено зборуваше за останувањето во Реал Мадрид, новиот договор, доаѓањето на Жозе Мурињо и можните засилувања на Кралскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот стопер призна дека никогаш не размислувал да го напушти Мадрид, и покрај тешкиот период минатата сезона.
„Минатата сезона беше многу тешка, особено физички. Долго време се борев со повреди, но успеав да се вратам. Мадрид е практично мој дом. Мојата фамилија таму се чувствува одлично и поради тоа никогаш не размислував да заминам.“
Откри и што му беше најголемиот мотив за време на опоравувањето.
„Сакав само да се вратам во најдобра форма и да се изборам за нов договор. И успеав“, кажа тој.