Дома Фудбал Англија Лампард во проблеми, напаѓачот сака да замине?

Лампард во проблеми, напаѓачот сака да замине?

0

Искусниот напаѓач Оливие Жиру е во втор план на тренерот Лампард, барем на почетокот од новата сезона. Абрахам со одличните игри на последните натпревари го осигура местото во стартниот состав. Нешто што Французинот не го очекуваше.

Беше еден од стрелците во убедливата победа од 4:1 против Албаија во вчерашниот натпревар од квалификациите за ЕУРО.

„Не очекував дека ќе бидам на клупата, погодоците се во мојата глава. Се уште сум гладен за успех, не сакам да бидам избор број два во Челси. Со тоа што во тимот претставувам постар брат на младите играчи не значи дека сум материјал за клупа. “ – изјави Жиру за француски Ле Фигаро.

32-годишниот напаѓач е година ипол во Челси, а договорот му завршува на крајот од оваа сезона. Останува да видиме дали и пред тоа Жиру ќе побара нов клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кога пред бројките молчат и боговите!

Кристиано Роналдо синоќа три пати ја тресеше мрежата на Литванија и стигна до својот 55-ти…