Дома Актуелно Кој треба шутира слободни удари во Јувентус? Еве го објаснувањето на Сари

Кој треба шутира слободни удари во Јувентус? Еве го објаснувањето на Сари

0

Со доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус, Миралем Пјаниќ кој важи за мајстор на слобдните удари, прекини изведува многу поретко и според многумина тоа е не треба да биде така.

Скоро сите слободну удари од опасната зона во главно ги шутира Роналдо, така беше и против Верона минатиот викенд.

Пред „старата дама“ сега е нов предизвик во Серија А, противник ќе биде Бреша. На прес-конференција пред натпреварот новинарите ги интересираше кој ќе биде задолжен за слободни удари во зоната на удар.

„Како и секогаш во такви ситуации имаме повеќе опции. Слободните удари од десна страна ги изведува Пјаниќ и Роналдо, а оние од левата ависи кој е на теренот, Дибала или Бернардески. Меѓутоа тука се и моментите кога во натпреварот некој не е физички или психички спремен да шутира и тогаш работите се менуваат. Како и да е имаме повеќе опции за секоја ситуација“, изјави Сари.

Сепак, на теренот изгледа дека работите се поинаку и навивачите сметаат дека Роналдо има преголем „кредит“ кога е овој сегмент од играта во прашање.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тотенхем објави кога Љорис ќе се врати на теренот

Хуго Љорис, голманот и капитенот на Тотенхем ќе биде надвор од теренот до крајот на 2019. …