Дома Фудбал Вардар доминира во младинските категории: Трет куп трофеј во два дена! (Видео)

Вардар доминира во младинските категории: Трет куп трофеј во два дена! (Видео)

Младите фудбалери на Вардар продолжуваат да доминираат во домашните натпреварувања, откако денеска го освоија Купот на Македонија и во кадетска конкуренција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвено-црните“ во драматично финале на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ го совладаа Пелистер по изведувањето пенали, откако регуларниот дел заврши без победник со резултат 3-3.

Со овој успех, Вардар дојде до трет куп-трофеј во младинските категории во само два дена, откако претходно славеше и кај пионерите и помладите пионери.

Финалниот натпревар понуди вистинска голеада и голема неизвесност. Вардар прв стигна до предност преку Невзат Асани уште во третата минута, но битолчани возвратија преку Енвер Фејзулаи непосредно пред паузата.

Во второто полувреме Пелистер двапати имаше водство благодарение на погодоците на Мартин Талевски и Јован Мрмачовски, но скопскиот состав секогаш наоѓаше одговор. Админ Абдула прво израмни на 2-2, а Иво Марковски во самиот финиш погоди за 3-3 и го однесе мечот во пенал-рулет.

При изведувањето на ударите од белата точка, фудбалерите на Вардар беа максимално прецизни, додека кај Пелистер не реализираа Јаков Пресилски и Јован Мрмачовски. Тоа беше доволно скопјани да слават со 4-2 во пенал-серијата и да се радуваат на нов трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрне Слот може да остане во Англија и да преземе друг премиерлигаш!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, изгледа дека веќе го избрал следното поглавје в…