Понекогаш во кошарката посебно кога во прашање се помладите возврасти може да се видат неверојатни исходи на натпреварите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во квалификациски натпревар за деца до 15 години се сретнаа КК Преболд и Кк Врани Вранско во Словенија. Гостите славеа со 107:98, а вниманието на овој натпревар го собра Нејц Тевзиќ.
Тој уфрли дури 89 поени за својот тим. Погоди 23 шута за два поени, девет тројки и 16 пати поентираше од линијата за слободни фрлања.
Овој талентиран 14 годишен кошаркар просечно постигнува нешто повеќе од 30 поени по натпревар и најавува голема кариера, па можеби еден ден ќе го гледаме во НБА како неговиот славен сонародник Лука Дончиќ.