Дома Македонски спорт Мак ракомет Котевски: Фаворитската улога ја има Тиквеш, ние сме млада екипа со македонски играчи

Котевски: Фаворитската улога ја има Тиквеш, ние сме млада екипа со македонски играчи

Викендов во Кавадарци се игра натпревар на две, до сега, непоразени екипи во плеј-аутот на македонската суперлига во ракомет.

Голден Арт КЛ7 гостува на фаворитот за првото место, ГРК Тиквеш.

Tренерот на Голден Арт КЛ7 Игор Котевски фаворитската улога ја препушти на домаќините.

“Ни претстои дуел на две непоразени екипи во досегашниот дел од плеј аутот на суперлигата, екипи со одлични поединци, натпревар во кој фаворитската улога ја има домаќинот, екипата на Тиквеш пред се поради поголемиот фонд на играчи, засилувања од странство кои ги донесоа годинава. Од друга страна, нашата екипа е млада, единствената во лигата составена од исклучиво македонски играчи, желни за докажување и со сигурност можеме да кажеме дека се иднината на македонскиот ракомет. Очекувам добар натпревар и нека победи подобриот тим“, изјави Котевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одложен натпреварот помеѓу Е.Пелистер и ППД Загреб

Одложен натпреварот од СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб Натпреварот…