Дома Топ вести Конте прави „страшен“ тим, пристигнува и Депај

Конте прави „страшен“ тим, пристигнува и Депај

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи е ставен на трансфер листа.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот, а најсилен интерес за него покажува Тотенхем.

„Спарси“ го договорија трансферот на Ленгле, па сакаат да го доведат и Депај и се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис.

Тотенхем е исклучително активен на трансфер пазарот и веќе ги донесе Перишиќ, Ричарлисон, Бусуфа и Ленгле, а Депај најверојатно ќе биде следниот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…