Дома Фудбал Англија Конте: Ние не сме тим, а газдата само си седи во фотелја

Конте: Ние не сме тим, а газдата само си седи во фотелја

Антонио Конте е се поблиску до отказ во Тотенхем откако после мечот со Саутемптон отворени ги нападна играчите, но и сопственикот на клубот.

Тотенхем испушти предност од два гола и на крајот ремизираше со Тотенхем, па Конте „полуде“ на пресконференцијата.

„Ова не е тим и мора да се соочиме со проблемот. Досега се обидував да ја кријам ситуација и да ја поправам со зборови, но не покажуваме страст. Ние не сме тим, има само 11 играчи кои истрчуваат на теренот. Гледам себични играчи, играчи кои не сакаат да си помогнат и не играат со срце. Мора да имате срце за фудбал, а ние тоа го немаме“, изјави Конте.

„Згора на се, тука е сопственикот кој 20 години седи во фотелја и не освоил ништо. Зошто е тоа така? Дали е виновен клубот или тренерите кои дојдоа од тука во тој период“, праша Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вирџил ван Дајк заминува во Милан во 2027 година

Според италијански извори, Вирџил ван Дајк планира да се пресели во Милан во 2027 година, …