Тренерот на Наполи, Антонио Конте, по поразот од 3:0 на гостувањето кај Верона во првото коло од Серија А изјави дека и тимот и тој како тренер „треба да се срамат“, но додаде и дека тој ја презема одговорноста за резултатот.
„Оние кои ме познаваат, знаат дека срцето ми крвари денеска, а се надевам дека и кај одредени играчи е исто така, бидејќи тоа барем би значело дека сме на вистинскиот пат кога е желбата и мотивот во прашање“, изјави Конте на новинарите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конте смета дека клучен во поразот бил првиот примен гол.
„Треба да им се извиниме на луѓето во Неапол, кои страсно не следат и навиваат за нас. Јас сум тренер и правилно е што ја преземам целосната одговорност. Нашиот настап во второто полувреме беше неприфатлив“, изјави Конте.
Фудбалерите на Верона го декласираа Наполи со 3:0, со еден гол на Ливерменто и два на Даниел Москера.
Конте го презеде Наполи во јуни, а е четврти тренер за само една година по заминувањето на Лучијано Спалети.