Дома Фудбал Германија Конечно: Еве кога Мануел Ноер се враќа на терените

Конечно: Еве кога Мануел Ноер се враќа на терените

Eден од најдобрите голмани во светот, Мануел Ноер конечно наскоро повторно ќе го гледаме на терените, потврди тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хејнкес после победата против Бешикташ во Лигата на шампионите, откри дека Мануел Ноер ќе се врати на голот на Баерн најдоцна во текот на следниот месец.

Тоа практично значи дека Ноер ќе биде спремен за финишот од Лигата на шампионите, но и за Мундијалот во Русија, што е многу поважно.

Ноер во последните 12 месеци три пати заработуваше скршеница на стапалото, одигра само три натпревари и тоа во август. Сепак неговото отсуство поради големиот квалитет на Баерн не се почуствува премногу, додека во репрезентацијата на Германија негова резерва е одличниот Марк-Андре Тер Штеген.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Диоманде исклучен од светот – еве што вели за трансферот!

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и фудбалерот на РБ Лајпциг, Жан Диоманде не…