Дома Фудбал Останато Компани се откажа од тренеското место после само четири меча

Компани се откажа од тренеското место после само четири меча

Винсент Компани нема повеќе да ја извршува функцијата на тренер во Андерлехт и ќе биде само фудбалер, пренесуваат белгиските медиуми.

33-годишниот дефанзивец имаше улога на фудбалер-менаџер, откако се врати во клубот ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првите четири меча од почетокот на сезоната Андерлехт запиша два порази и две ремија,што е најлош старт на клубот во последните 21 година.

Така Компани реши да се сконцентрира единствено врз своите партии на теренот и се откажа од тренерската работа. Негов наследник на тренерското столче ќе биде Сајмон Дејвис, кој до сега му беше помошник на дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За скандалот си шпиунирањето на Босанците се огласија и од Рим: Еве што велат!

Атмосферата се загрева пред најважниот натпревар на деценијата во Зеница помеѓу Босна и Хе…