Дома Трансфер зона Коман пред заминување од Баерн: Премиер лигата следна дестинација?

Коман пред заминување од Баерн: Премиер лигата следна дестинација?

Офанзивецот на Баерн Минхен, Кингсли Коман ќе го напушти германскиот клуб до крајот на предониот рок и според најавите негова следна дестинација ќе биде Англија.

Според бројни извори, Коман е опција за Арсенал и Ливерпул. Ливерпул сака да го доведе Федерико Киеза бидејќи Арне Слот сака да ја засили офанзивата, а наводно опција е и Коман.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Кога во прашање е Арсенал, Микел Артета исто така би можел да ја засили конкуренцијата, Мартинели игра променливо, Жесус е често повреден, па не е невозможно да го доведе во финишот од преодниот рок.

Коман може да ги покрива двете крилни позиции што е негова голема предност. Платата е нешто кое би можело да биде проблем, меѓутоа се пишува дека Французинот е спремен да ги намали барањата ако му биде претставен вистински проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…