Дома Фудбал Собирачот на топки кого Хазард го шутна го продаде својот бизнис за 350 милиони евра

Собирачот на топки кого Хазард го шутна го продаде својот бизнис за 350 милиони евра

Чарли Морган, претприемачот кој стана познат по инцидентот со фудбалерот Еден Хазард во 2013 година, го продаде својот бренд Au Vodka за 350 милиони евра. Американската компанија за жестоки пијалаци, Sazerac, го превзеде бизнисот. Морган го основа брендот во 2015 година заедно со својот пријател од детството, Џексон Квин.

Морган се најде во центарот на вниманието на медиумите пред 13 години, кога како 17-годишник собираше топки на натпреварот од Лига купот помеѓу Свонси и Челси. Намерно задржуваше топка за да го забави темпото на играта, а во обид да продолжи со играта, Хазард го удри. Белгискиот фудбалер веднаш доби црвен картон, а Чарли Морган преку ноќ стана познат.

Само две години по овој настан, Морган и Квин го лансираа Au Vodka. Бизнисот доживеа значителен раст во 2017 година кога познатиот диџеј и водител Чарли Слот инвестираше во брендот. Тој ги искористи своите контакти во музичката индустрија за промоција, а популарноста се зголеми и благодарение на спортските ѕвезди како Флојд Мејведер и Роналдињо, кои го поддржаа брендот.

Што се однесува до односот меѓу Морган и Хазард, фудбалерот се извини на тинејџерот по натпреварот, и двајцата се согласија дека инцидентот е минато. Единаесет години подоцна, повторно се сретнаа, овој пат во сосема различни околности. Во 2024 година, Хазард учествуваше во промоција на вотката на Морган, а заедничките фотографии брзо станаа вирални.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија со четири дебитанти на списокот за Лигата на Нации!

Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски денеска го објави списокот за претстојните натпрев…