Дома Фудбал Германија Коман преговара за нов договор со Баерн

Коман преговара за нов договор со Баерн

Крилото на Баерн Минхен, Кингсли Коман започна преговори со клубот за продолжување на соработката, пренесуваат германските медиуми.

Актуелниот договор на Французинот истекува во 2023 година, но Баварците сметаат дека Коман е иднината на тимот, па му предложиле нов договор до 2025 година со подобри финансиски услови.

Коман често беше погоден од сериозни повреди, но во Баерн веруваат во неговиот потенција. Оваа сезона Французинот одигра 24 меча во сите натпреварувања и постигна 5 гола.

Баерн работи и на доведувањето на Лерој Сане на „Алијанц Арена“,но евентуалниот трансфер на Германецот нема да влијае на иднината на Кингсли Коман.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни дуели од Премиер лигата (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро…