Aгонијата на Ливерпул продолжи и денес откако тимот на Јирген Клоп го запиша шестиот пораз во низа на домашен терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трите бода од „Енфилд“ денес ги однесе Фулам. Ова е првпат уште од сезоната 1953/1954 Ливерпул да изгуби шест натпревар на „Енфилд“. Клоп после натпреварот призна дека неговиот тим е во криза и порача дека ќе им биде потребно чудо за да се вратат на вистинскиот пат.
„Ќе биде ремек-дело ако брзо најдам начин да излеземе од кризата. Ни треба чудо. Момците сакаат да се вратат и прават се, но проблемот е во нешто друго. Мораме да продолжиме да се обидувамеЗ“, изјави Клоп.
Во овој момент Ливерпул е седми на табелата со три бодови помалку и натпревар повеќе од четвртопласираниот Челзи.