Дома Трансфер зона Клоп не би го довел Ибрахимовиќ во Ливерпул само поради една причина

Клоп не би го довел Ибрахимовиќ во Ливерпул само поради една причина

Ибрахимовиќ вчера потврди дека неговата авантура во ЛА Галакси завршува и во јануари ќе се пресели во нов клуб.

Договорот на Ибрахимовиќ со Галакси истекува на крајот на наредниот месец и во јануари ќе биде слободен во изборот на новата средина.

Очекувањата се Ибрахимовиќ да се врати во Европа бидејќи и понатаму верува дека е спремен да игра на највисоко ниво. Се шпекулира дека ќе ја избере Серија А.

За ситуацијата на Ибрахимовиќ денес зборуваше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Да не играше за Манчестер Јунајтед можеби ќе го доведевме. Не сум ни сигурен дали тој би сакал да дојде кај нас затоа што ова е прилично силен тим. Го респектирам Златан, голема кариера. Одличен човек е и се надевам дека ќе игра уште неколку години“, изјави Клоп.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Земјотрес“ на Апенините: Дембеле пристигнува во Серија А!?

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ во јануарскиот …