Дома Фудбал Англија Клоп за Лигата на Нации: Тоа е една од најсмешните идеи во фудбалот

Клоп за Лигата на Нации: Тоа е една од најсмешните идеи во фудбалот

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп пред денешното финале во ФА Купот против Челзи зборуваше и за Лигата на Нации која ги очекува фудбалерите на крајот на актуелната сезона.

На Клоп не му се допаѓа Лигата на Нации како натпреварување и истакна дека би се откажал од паричната награда за пласман во финалето од Лигата на шампионите ако тоа значи дека УЕФА го прекине како што го нарече тој „смешниот“ турнир.

„Додавањето на повеќе натпреварувања во ваков густ распоред секогаш е лоша идеја. Зборував за ова и претходно…Лигата на Нации е една од најсмешните идеи во фудбалот. Во текот на сезоната фудбалерите играат преку 70 натпревари и после завршувањето на сезоната продолжуваат да играат во Лигата на нации за репрезентациите. Јас би се откажал од парите за финалето во Лигата на шампионите ако УЕФА се ослободи од Лигата на Нации“, изјави Клоп.

ФА Купот Ливерпул последен пат го освоил во 2006 година и затоа овој трофеј е многу посакуван во таборот на „црвените“.

„Очајни сме да победиме и Челзи исто така. Последен пат ова натпреварување го освоивме во 2006 година, тие досега го освојуваа три-четири пати. Го посакуваме трофејот и ќе дадеме се од себе“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…