Дома Останати Тенис Кирјос го откажа учеството на Австралија Опен

Кирјос го откажа учеството на Австралија Опен

Ник Кирјос кој е миленик на домашната публика на Австралија Опен го откажа учеството на големиот турнир поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кирјос се повлече на самиот старт. Станува збор за повреда на медијалниот менискус која се обидуваше да ја санира навреме но на крајот не успеа, па одлучи да не ризикува.

Повлекувањето го потврди самиот тој во изјава за медиумите.

„Како и други работи, така и повредите се составен дел од животот. Нормално дека ми е тешко, ова турнир на мој домашен терен и за многумина бев еден од фаворитите. Навистина лошо се чувствувам“, изјави Кирјос.

Инаку, проблеми со ситна повреда го мачат и Ѓоковиќ кој претходно го откажа тренингот пред турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…