Дома Македонски спорт Мак ракомет Карачиќ: Овој тим со златни букви ќе биде запишан во македонската историја

Карачиќ: Овој тим со златни букви ќе биде запишан во македонската историја

0

Вардар вчера и покрај ситуацијата во која се наоѓа и објавата на Сергеј Самсоненко дека го напушта клубот го прегази ПИК Сегед во Скопје со осум разлика и дојде на чекор од пласман на фајнл-фор.

Тоа беше и последен натпревар за голем дел од ракометарите пред домашната публика. Еден од оние кои ќе замине е Игор Карачиќ.

Карачиќ како и целиот тим на Вардар секако беше под големи импресии поради огромната победа.

„Би сакал да му се заблагодарам на целиот клуб, а исто и на Сегед затоа што беа спортски настроени кон Вардар и не не гледаа со потценување иако знаеа што не чека. Ја сфативме работата сериозно. Не сум сеуште свесен за атмосферата и што се случува. Овој тим со златни букви ќе биде испишан во македонската историја. Капа до под на Парондо кој направи одлична атмосфера пред натпреварот. Следи вториот натпревар и не одимие таму со бело знаме“, изјави Карачиќ после натпреварот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Зидан ја шокираше фудбалската јавност со изјавата после поразот од Бетис!

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија од Бетис (0:2) на „Сантиаго Бернабеу“ и со пораз ја за…