Дома Фудбал Англија Канте одбива да тренира бидејќи се плаши од коронавирусот

Канте одбива да тренира бидејќи се плаши од коронавирусот

Нголо Канте е последниот играч од Премиер лигата кој се противи за продолжување на сезоната и групни тренинзи додека трае пандемијата од коронавирусот.

Англиските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Франција, вчера одбил да тренира и воопшто не се појавил во тренинг центарот на Челзи.

Канте бил видно нервозен и исплашен поради ризикот кој постои со самото појавување на тренинг. Менаџерот на Челзи, Франк Лампард му соопштил на Канте дека го разбира и ја поддржува секоја негова одлука.

Канте има „традиција“ со здравствени проблеми во семејството. Татко му почина кога имал 11 години, неговиот постар брат починал од срцев удар само неколку недели пред СП 2018, а самиот Нголо се сруши на тренинг пред две години.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Штутгарт – Хамбург: Елитен фудбал во Цвајт

Втората германска лига денес ни носи елитен фудбал преку натпреварот кој може да биде и бу…