Дома Фудбал Германија Како Гвардиола го создаде Кимих: Ми покажа позиции за кои не ни знаев дека постојат

Како Гвардиола го создаде Кимих: Ми покажа позиции за кои не ни знаев дека постојат

Пеп Гвардиола дефинитивно е еден од најзаслужните за напредокот на 26-годишниот репрезентативец на Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Едно од откритијата на Гвардиола е и Џошуа Кимих.

Фудбалерот на Баерн денес е еден од најважните играчи во тимот, но и репрезентацијата на Германија, а се започна кога Баерн го доведе од Лајпциг.

„Бев многу млад кога дојдов кај Гвардиола, имав само 20 години. Пред тоа играв во втората лига, а тој ми покажа некои позиции на кои никогаш не играв и за кои не ни знаев дека постојат. Исто така ми покажа и простори во играта за кои не знаев дека постојат“, објасни 26-годишниот Кимих.

Многумина се сеќаваат на ситуацијата после мечот помеѓу Баерн и Борусија кога Пеп многу страствено му ги објаснуваше своите тактички замисли на Кимих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Проклетството“ на семејството Клајверт: Татко и син на ист датум и на ист начин промашија пенали! (Видео)

Фудбалерите на Холандија трет пат по ред испаднаа на Светските првенства после полошо изве…