Дома Фудбал Англија И Солскјер за скандалот „Црн Петок“: Тоа е најлошата насловна која сум ја видел

И Солскјер за скандалот „Црн Петок“: Тоа е најлошата насловна која сум ја видел

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер на денешната прес-конференција пред градското дерби против Манчестер зборуваше и за скандалот со насловната страна на „Кориере дело Спорт“.

„Кориере дело Спорт“ во вчерашното издание го најави денешното дерби помеѓу Рома и Интер со тоа што на насловната страна ги стави Ромелу Лукаку и Крис Смолинг со натпис „Црн Петок“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таа насловна страна крена голема прашина во фудбалскиот свет, а Солскјер како и поголемиот дел јасно ја осуди.

„Насловната на „Кориере дело Спорт“? Тоа е најлошата насловна страна која некогаш сум ја видел. Со Крис сме во контакт и добро знае дека сум на негова страна и дека ја има мојата поддршка. Исто е и со Ромелу. Не се разбирам многу во новинарството, но спроед мене таа насловна мораше да биде повлечена и весникот ако ништо друго барем да се извини“, изјави Солскјер.

Денес претходно со објаснување на насловната страна излезе и главниот уредник на „Кориере дело Спорт“, Иван Занзони. Тој не се извини, дури и се закани со тужби – повеќе за ова тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…