Вчера во Италија се крена голема прашина поради насловната страна на познатиот италијански весник „Кориере дело Спорт“, а сега се огласи главниот уредник.
На насловната страна во главни улоги беа ставени Ромелу Луакаку и Крис Смолинг со наслов „Црн Петок“. Ваквиот потег на „Кориере“ предизвика силни реакции и критики од голем број фудбалери и фудбалски клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рома и Милан порачаа дека ќе го бојкотираат весникот така што ќе забранат нивни новинари да присуствуваат на натпреварите.
Иван Зазони, главниот уредник на весникот после обвинувањата се огласи и им порача на сите дека се лажни моралисти, но и се закани со тужба. Зазони објаснува дека не станувало збор за никаков расизам, туку напротив е пофалба на различноста.
„Деновиве интернетот го преплавија десничарски настроени луѓе кои ги идентификуваат расистите, сега со неколку коментари се обидуваат да ги избришат валканиците од себе. „Црн Петок“ не е расизам, напротив за оној што сака да разбере тоа е пофалба на различноста. Насловот е совршено аргументиран, но е претворен во отров од оние кои носат отров во себе. Сите италијански клубови кои се кренаа против весникот треба да се срамат. Не обвинија преку твит и тоа само на англиски за да испровоцираат реакции надвор од Италија. Обвиненијата се само лажен морализам, ако се одлучат да ме тужат, јас ќе ги тужам сите нив“, гласела пораката на Занзони.
Corriere dello Sport chief editor: “These accusations are just easy moralism of who wants to look as champion of anti-racism. If they dare to accuse me of racism, I will sue them. Daily Mail protesting, with the things they do!”
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 5, 2019
(note to you: I’m just reporting) pic.twitter.com/l3EKGmGOpy