Дома Фудбал Репрезентации Италија нема да му прости на Манчини, најавена тужба

Италија нема да му прости на Манчини, најавена тужба

Роберто Манчини не се раздели на најдобар начин со италијанската репрезентација, а сега Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина најавил туќжба.

Ќе потсетиме, Манчини даде отказ од кормилото на Италија, а набрзо потоа седна на селекторското столче на селекцијата на Саудиска Арабија. Сега, на извршниот комитет на федерацијата, Гравина ја најавил можната тужба за Манчини.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Федерацијата веќе ангажирала адвокати кои ќе бараат компезација за раскинот на договорот. Манчини како селектор на Саудиска Арабија сега заработува 25 милиони евра годишно.

Во јавноста Манчини тврдеше дека не заминал поради Саудиска Арабија и дека понудата не постоела кога тој си дал отказ од кормилото на „Аѕурите“, сепак во Италија не веруваат во таков развој на настаните и се убедени дека изненадувачкиот отказ е само поради Саудијците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Taга во Црна Гора: На 44 години почина поранешниот репрезентативец кој најдобрите денови ги помина во Шпанија

Црногорските медиуми денес објавија тажни вести затоа што на 44-годишна возраст почина сла…