Дома Фудбал Репрезентации Италијанците имаат низа каква што нема ниту една друга репрезентација

Италијанците имаат низа каква што нема ниту една друга репрезентација

Италија вчера стигна до петтата победа во пет натпревари во квалификациите за Европското првенство 2020 година и така продолжи една неверојатна низа.

Имено, кога зборуваме за квалификациите за Европското првенство, Италија во овој момент има низа од 35 натпревар без пораз. Италијанците во тие 35 натпревари имаат дури 29 победи. Тоа е најдолгата низа без пораз на една репрезентација во квалификациите за ЕП.

Последниот пораз во квалификации за ЕП Италија го претрпе во 2006 година. Тогаш на домашен терен ги совлада Франција на почетокот на борбата за пласман на ЕП во 2008 година кое се одржуваше во Австрија и Германија.

Ова може да биде некаква утеха за катастрофата која им се случи во квалификациите за Светското првенство кога не се пласираа на Мундијалот во Русија и за прв пат пропуштија едно Светско првенство од 1958 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Серија А продолжува на 20 ти јуни, седум дена претходно италијанскиот Куп!

Денес се одржа клучниот состанок на кој се одлучуваше судбината на Серија А и беше донесен…