Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми: Роналдо е проблемот во играта на Јувентус

Италијанските медиуми: Роналдо е проблемот во играта на Јувентус

На Јувентус не му оди баш најдобро оваа сезона, во последниот викенд „старата дама“ доби „шлаканица“ со поразот во дербито од Интер (2:0).

И во претходните натпревари можеше да се види дека нешто не функционира во играта на Јувентус. Дел од јавноста смета дека на Пирло треба да му се даде време, а водечките италијански медиуми немаат милост кон клубот од Торино.

„Тутомеркато“ и „Кориере дело Спорт“ имаа слична анализа на играта на Јувентус. Според нив најголем проблем во играта на актуелниот италијанси шампион е Кристиано Роналдо.

„Јувентус му се посвети на Роналдо и неговите рекорди и тоа го ја успорува играта на целиот тим“, е главното за кое се пишува во анализата.

После 17 одиграни натпревари Јувентус се наоѓа на петтата позиција во Серија А со 33 освоени бодови, десет помалку од лидерот Милан, Јувентус има и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…