Капитенот на Данска, Симон Кјаер со храбрата и одлучна реакција му го спаси животот на Кристиан Ериксен.
Кјаер го воодушеви фудбалскиот свет, а со тој гест ги обедини и лутите градски ривали Интер и Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Интер му оддадоа почест на Кјаер за неговата пожртвуваност и хуманост, па денес ставија голем транспарент во центарот на Милан.
„Кјаер, голем човек и вистински капитен“, напишаа „нероаѕурите“ за нивниот ривал.
И неговиот Милан ќе го награди Кјаер за неговиот гест, а „Газета дело Спорт“ тврди дека тој ќе биде нов капитен на „росонерите“. Данецот треба да го наследни Ромањоли, кој е на излезна врата.
Ова не е случајно, тренерот Пиоли и раководството веќе подолго време размислуваат да му ја дадат капитенската трака на Кјаер бидејќи е вистински лидер на теренот и во соблекувалната.