Дома Трансфер зона Кјаер чека понуда за нов договор

Кјаер чека понуда за нов договор

Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер изјави дека е спремен да потпише нов договор со „росонерите“.

32-годишниот Кјаер е еден од најважните играчи во тимот на Пиоли, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката, а Данецот вели дека сака да остане на „Сан Сиро“.

„Се уште не сум блиску до нов договор, но многу сум среќен во Милан. Сакам да продолжам да играм за овој клуб. Милан ја знае мојата позиција и само чекам повик од директорите“, изјави Кјаер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе спремил понуда за нов двегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосем…