Дома Фудбал Италија Икарди откри кога ќе го продолжи договорот со Интер

Икарди откри кога ќе го продолжи договорот со Интер

Иднината на Мауро Икарди е главна тема во Италија, откако неговата сопруга и агент Ванда Нара потврди дека напаѓачот е далеку од нов договор со Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете страни веќе подолго време преговараат за нов договор, а нова средба ќе има веќе следната недела.

Икарди денеска се огласи преку социјалните мрежи и откри кога ќе го продолжи договорот со „нероаѕурите“.

„Сакам да ја разјаснам ситуацијата за сите фанови на Интер, но и за сите „квази-новинари“ кои пишуваат разни работи, без оглед на фактите. Тие немаат поим што прават и забораваат дека ќе го продолжам договорот со Интер само кога клубот ќе достави коректна и конкретна понуда. Само тогаш можеме да зборуваме за продолжување на договорот и да ги избегнеме сите лаги кои лесно можат да се шират денес“, истакна Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед речиси две години по неговиот последен натпр…