Дома Топ вести Изненадување: Манчестер Јунајтед го сака промашувањето на Сити

Изненадување: Манчестер Јунајтед го сака промашувањето на Сити

Манчестер Јунајтед  во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, а рва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг го посочил како приоритет фудбалерот на градскиот ривал Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а Манчестер Јунајтед е еден од најзаинтересираните клубови.

Прашање е дали „граѓаните“ ќе сакаат да го пуштат фудбалерот во градскиот ривал, бидејќи за него интерес покажуваат уште Њукасл и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…