Дома Фудбал Останато Изненадување: Алегри преговара со клуб во кој тешко може да го замислиме

Изненадување: Алегри преговара со клуб во кој тешко може да го замислиме

Италијанскиот стратег би можел да изненади со изборот на новиот клуб.

На Масмилијано Алегри му истече договорот со Јувентус и сега е слободен во изборот на новиот клуб. Пред две години го одби Реал, се шпекулираше за ПСЖ, но сопствениците на клубот од Париз сакаат да го задржат Тухел. Мурињо пак е сигурен во Тотенхем, се споменуваше Њукасл со новите сопственици. Сепак, денес се појави изненадувачка вест.

Имено, Алегри преговарал со Борусија Дортмунд. Контактот е воспоставен, Алегри сака да се врати на работа и е спремен во Борусија да прифати и помала плата од договорот кој го имаше со Јувентус.

Италијанецот според информациите е загреан за работата,  Фавр најверојатно во наредните денови ќе го напушти клубот, а Корк верува дека Италијанецот кој знае да оржи мир во соблекувалната и генерално има добар однос со играчите би можел да биде вистинско решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско…