Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го избра најдобриот судија во изминатата деценија.
Во големата конкуренција победата ја однесе германскиот судија Феликс Брих, кој имаше 141 бод.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Зад него остана Чакир со бод помалку, а блиску беше и Бојрн Кујперс со 133 бода.

Искусиот Германец е ФИФА судија од 2007. година. Од поважните натпревари го судеше финалето во Лига Европа 2014. година помеѓу Севиља и Бенфика каде имаше многу контроверзни одлуки.
Исто така, во 2017. година го судеше финалето во ЛШ помеѓу Јувентус и Реал Мадрид во Кардиф.