
Искусниот Златан Ибрахимовиќ има договор со Милан до крајот на сезоната и не е познато дали и после тоа ќе остане на „Сан Сиро“.
Швеѓанецот минатото лето одлучи да потпише нов едногодишен договор, но свесен е дека неговата кариера се ближи кон крајот. Се уште не е познато какви планови има Ибрахимовиќ за во иднина, но изгледа дека сигурно нема да го гледаме во тренерските води кога ќе одлучи да се пензионира.
Ибрахимовиќ неодамна порача дека не размислува за тренерска кариера затоа што смета дека тоа не може да биде поради неговиот карактер.
„Да бидам тренер? Тоа е невозможно. Во текот на натпреварот би удрил најмалку двајца фудбалери. Ќе се обидам да останам во фудбалот, но тренерската работа едноставно не е за мене“, изјави Ибрахимовиќ.