Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ постигна хет-трик и постави нов клупски рекорд

Ибрахимовиќ постигна хет-трик и постави нов клупски рекорд

0
ibrahimovic

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа на свој терен го декласираа Спортинг Сити со 7:2, а повторно блескаше неверојатниот Златан Ибрахимовиќ.

Галакси немаше милост против Спортинг, кој дојде до предност со голот на Гутјерез во 24. минута, но после тоа доживеа вистински потоп. Домашниот тим изедначи веќе во 32. минута кога Ибра промаши пенал но на крајот успеа да ја смести топката во мрежата за 1:1.

Во второто полувреме видовме седум погодоци. ЛА Галакси до пресврт стигна во 48. минута, а вториот погодок на натпреварот го постигнува Ибра.

После тоа Антун во 69. минута зголеми на 4:1, а потоа на сцена стапи Летгет кој со два гола и донесе предност на домашната екипа од 6:1. Конечниот уда на гостите го зададе Ибрахимовиќ кој запиша хет-трик и погоди за 7:1.

Спортинг во самиот финиш успеа да дојде до втор погодок, а повторно стрелец беше Гутјерез.

Што се однесува до Ибрахимовиќ, тој сега на контото има 25 погодоци и постави рекорд на клубот. Ибра е првиот играч на ЛА ГАлакс кој во една сезона постигнал 25 погодоци. До крајот има уште многу да се игра и сигурно таа бројка ќе биде уште повисока.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед води против Ливерпул, Клоп збесна! (ВИДЕО)

Денес Манчестер Јунајтед и Ливерпул го играат дербито на колото во Премиер лигата. Во први…